Уште еден трансфер на релација Ливерпул-Борнмут: Англиски репрезентативец нов фудбалер на тимот на Еди Хау


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако денес на пладне беше објавен трансферот на Доминик Соланке од Ливерпул во Борнмут пред малку беше потврдена уште една зделка помеѓу овие два клуба.

Повремениот репрезентативец на Англија кој во последно се мачеше со повреди, Натанел Клајн следните шест месеци ќе ги помине како позајмен фудбалер на „Виталити“.

Десниот бек оваа сезона има одиграно само четири натпревари во дресот на Ливерпул, а единствено на еден натпревар ги комплетирал сите 90 минути.

„Многу сум возбуден за оваа можност. Ова е одлична шанса за мене повторно да заиграм фудбал. Разговарав со менаџерот и зборувавме за тоа што може да постигнеме во останатиот дел од сезоната. Ова е голем клуб со голема историја, не можам да дочекам да започнам тука“- истакна Клајн.