Уште еден удар за „Коцкестите“: И капитенот оваа недела вели „Збогум“

По Марио Манџукиќ во следниов период уште еден клучен играч на репрезентацијата на Хрватска ќе се прости од националниот дрес.

Имено, медиумите во оваа земја пренесуваат дека капитенот и најдобар играч на неодамна завршеното Светско Првенство, Лука Модриќ за една недела ќе ја заврши репрезентативната кариера.

Модриќ  со 113 настапи е трет по бројот на настапите во репрезентацијата на Хрватска, веднаш зад Дарио Срна (134) и Стипе Плетикоса (114). Дека ќе си замине од репрезентацијата, меѓу редови најави и по крајот на Мундијалот кога изјави:

„Иднината на репрезентацијата е белскава. Треба да поминат неколку дена и да се одмориме. Брзо ќе дојдат нови натпревари, но најдобро е да одлучиме што понатака по една недела или десет дена, а не сега по овој натпревар“ –коментираше Модриќ.