Уште еден удар за Ливерпул, Алисон нема да се пресели на Енфилд

Скај Спортс дознава дека Ливерпул испадна од трката во битката за потписот на голманот на Рома, Алисон Бекер.

Во последно време се шпекулираше дека тимот од „Енфилд“ е сериозно заинтересиран за услугите на бразилскиот голман, но сепак до ваков трансфeр нема да дојде oва лето.

Причината за ова е тоа што Алисон сака кариерата да ја продолжи во редовите на Реал Мадрид и попрво би прифатил продолжување на соработката со Рома, отколку да се пресели во тимот на Ливерпул.