Уште еднаш покажа дека е најдобар – Хет-трик на Кристијано Роналдо за нова титула на Реал Мадрид (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финалето на светското клубско првенство славеше Реал Мадрид со 4:2 против Кашима после продолжение.

Фудбалерите на кралскиот клуб одлично го отворија натпреварот. Карим Бензема после одбиена топка му донесе водство на Реал Мадрид. Пред крајот на првото полувреме Шибасаки го израмни резултатот.

На стартот на второто полувреме шок за навивачите на Реал Мадрид. Шибасаки постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Кашима. Водството на јапонскиот клуб траеше само осум минути. Јамамото стартуваше во казнениот простор, а судијата досуди пенал. Кристијано Роналдо беше сигурен од белата точка и го израмни резултатот. Голманот фантастично му одбрани на Карим Бензема во 73-та минута. Кашима во финишот имаше шанса да победи, но Ендо шутираше непрецизно. Натпреварот се продолжи на продолжение, 1:1 конечен резултат.

Кристијано Роналдо на асистенција на Карим Бензема во 98-ма минута го врати водството на Реал Мадрид. Неколку минути подоцна Сузуки со глава после слободен удар ја погоди пречката. Не искористената шанса Реал ја казни со погодок. Една минута пред крајот на првото продолжение Кристијано Роналдо постигна хет-трик и ги реши дилемите околу победникот на натпреварoт.

Во второто продолжение Мората во една соло акција немаше среќа, дефанзивецот на Кашима го спаси својот тим од петарда. Реал Мадрид на крајот славеше со 4:2 и го освои светското клубско првенство.

 

Karim Benzema Goal Real Madrid vs Kashima 1-0… by alxrecords

Gaku Shibasaki Super Goal – Real Madrid vs… by RussellLerman

Gaku Shibasaki Second Goal HD – Real Madrid 1-2… by footballderby

Cristiano Ronaldo Goal HD – Real Madrid 2-2… by socerhub365

Cristiano Ronaldo Second Goal HD – Real Madrid… by footballderby

Cristiano Ronaldo Goal HD – Real Madrid 4-2… by Sport-Today-2014