Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Тоти истекува на лето.
Иако една од најголемите икони во историјата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти е пред 42-та година од животот, претседателот на Рома, Џејмс Палота тврди дека Тоти уште претставува важна алка во тимот на Рома.
Тоти, чиј договор истекува на лето после кој требаше да ја заврши кариерата оваа сезона има одиграно 11 натпревари и постигнато 2 лигашки погодоци. Влегуваше како продолжена рака на тренерот во моментите кога требаше тимот да се консолидира, а тоа во Рома го ценат. Џејмс Палота е еден од нив.
„Покажа дека уште го предводи овој тим и дека може да одигра важни натпревари како оние во квалификациите за Лига на Шампиони“, изјави Палота.
„Тоти сакаше да продолжи да игра и разговаравме што ќе правиме со него и со стручниот штаб решивме дека уште може да допринесе за тимот“, заклучи Палота.