Фабињо: Никогаш не бев ни блиску до трансфер во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот играч на Ливерпул, Фабињо истакна дека никогаш не бил ни блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Долго време се шпекулираше дека „ѓаволите“ се фаворити за потписот на Фабињо, па веста дека тој се решил да го избере Ливерпул изненади многумина.

„Никогаш не бев блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Слушнав нешто околу тоа, но вистината е дека никогаш тоа не беше можност. Нема да ги негирам разговорите за мојата ситуација во Монако, но никогаш немаше официјална понуда од Манчестер Јунајтед“ –коментираше Фабињо.