Фабрегас ќе одигра уште еден меч за Челси и потоа ќе си замине од Лондон!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер, Сеск Фабрегас ќе го напушти Челси и кариерата ќе ја продолжи во Монако, ако може да се пресуди по англиските медиуми.

Фабрегас има договор со клубот од Лондон до крајот до сезоната, но не се договори со управата да го продолжи, па сега се подготвува да замине кај поранешниот соиграч Тјери Анри, кој сега е тренер на Монако.

Искусниот 31-годишен фудбалер  не се избори за важна улога во тимот на Маурицио Сари, па настапи само на шест меча во Премиерлигата.

Шпанецот се очекува да го одигра последниот меч за „сините“ против Нотингем Форест во ФА-купот, а потоа ќе замине од Лондон.