Фантастичниот Брукер го сруши Сан Антонио – Победи на Клиперс и Чикаго


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 5 натпревари во НБА лигата.

Клиперс победија против Лејкерс со 113:97, а најдобар играч во натпреварот беше ДеАндре Џордан со 24 поени и 21 скок. Крис Пoл додаде 20 поени, 13 асистенции и 5 скокови додкеа Риверс и Фелтон постигнаа по 15 поени. Кај Лејкерс најдобар беше Кларксон со 21 поен.

Чикаго на свој терен го победија Њу Орлеанс со 107:99. Домаќинот до победа го однесе Џими Батлер со 28 поени, 8 скокови, 6 асистенции и 4 украдени топки додека кај гостите најдобар беше Ентони Дејвис со 36 поени и 14 скокови.

За изненадување се потруди Феникс кои го победија Сан Антонио со 108:105. Кај нив Брукер одигра уште еден одличен натпревар. Тој постигна 39 поени. Кај Сан Антонио најдобар беше Леонард со 38 поени.

Останати натпревари:

Вашингтон – Филаделфија 109:93
Јута – Орландо 114:107