Фантастичниот голман даде прва изјава: Алисон откри на кого му кажал дека доаѓа во Ливерпул!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот чувар на мрежата Алисон Бекер вчера стана нов голман на Ливерпул.

На тој начин му се приклучи на поранешниот соиграч од Рома, Мохамед Салах, откако тој претходно замина од Рим, а откри дека размениле неколку пораки пред да дојде на Островот.

„Немавме многу контакти, откако ја напушти Рома. Се сретнавме кога игравме еден против друг во Лигата на шампиони. Вчера ми испрати порака – Еј, што чекаш? Тоа беше кога преговорите беа при крај, а јас му одговорив – Смири се, на пат сум накај вас. Среќен сум што ќе играм со него. Освен што е фантастичен играч, тој има одличен карактер“, објаснува голманот на Ливерпул.

Алисон, инаку, потпиша петгодишен договор, а Ливерпул мораше да плати на Рома неверојатни 75 милиони евра, со што го урна трансфер-рекордот за голмани.