„Федерер е како швајцарска банка, а Надал и Ѓоковиќ се многу досадни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот, Евгениј Кафељников не е задоволен со моменталната ситуација во „белиот“ спорт.

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер завршија на првите три позиции на АТП-листата, а ги освоија сите четири грен-слем титули.

„Федерер е досаден. Нема интересни приказни за него, тој е како швајцарска банка. И Надал и Ѓоковиќ се досадни“, вели легендарниот Русин.

Критички беше настроен и кон поранешната најдобра тенисерка Марија Шарапова.

„Мојот татко му пиша на нејзиниот. Беше важно за неа да го добие писмото. Меѓутоа, таа го одби. Тоа ме изнервира. Јас се обидов да помогнам, играв тенис со неа додека не замина во Америка. Сите потоа станавме свесни дека таа не е Русинка“, вели Кафељников.