Федерер на чекор до неверојатно достигнување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го совлада Борна Чориќ во полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи со 2:0 по сетови (6:2, 6:2) и така стигна пред уште едно неверојатно достигнување.

37 годишниот легендарен тенисер е на чекор до освојување на својата 100та тениска титула во кариерата.

Федерер доминираше во текот на целиот натпревар против Чориќ и многу лесно стигна до пласманот во финалето на натпреварувањето во Дубаи.

Противник на легендарниот тенисер ќе му биде Стефанос Циципас кој во полуфиналето го совлада Монфилс со 2:1 по сетови (4:6, 7:6, 7:6).