Федерер ја доби пресметката против Вилијамс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тениската репрезентација на Швајцарија го совлада САД на Хопман купот, а решавачкиот поен го донесоа Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ со победа во микс-парови.

Токму тој натпревар беше во центар на внимание затоа што од една страна беше Федерер, а од друга страна Серена Вилијамс. Двајцата се рекордери по бројот на грен-слем титули во сингл, а тоа им беше прва меѓусебна средба.

Федерер и Бенчиќ во тој натпревар ги совладаа Серена и Френсис Тиафо со 4-2 и 4-3.

Претходно, Федерер беше подобар од Тиафо со 6-4 и 6-1, додека Серена ја победи Бенчиќ со 4-6, 6-4 и 6-3.