Фелаини ја смирува ситуацијата: Сезоната е долга, сè е можно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед лошо ја почна сезоната, па по четири кола во англиската Премиерлига се наоѓаат во средината на табелата со шест бодови, а тоа предизвика шпекулации дека Жозе Мурињо ќе замине.

Сепак, фудбалерот Маруан Фелаини верува дека ќе дојдат подобрите денови и дека неговата екипа ќе заигра многу подобро.

„Сезоната е долга и ова е почеток. Последните две години почнавме одлично, а оваа сезона малку полошо, но треба да продолжиме. Во Премиерлигата сè е можно. Сите мораат да му помогнат на тимот и да дадат сè од себе“, кажа Фелаини.