Фенербахче го „уништи“ Панатинаикос и се пласираше на Ф4!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче се пласираа на завршниот турнир во Евролигата во Истанбул.

По две победи по ред во Атина против Панатинаикос, Фенербахче вечерва пред своите гледачи стигна до уште една победа од 79:61.

Домаќинот со серија од 6:0 го отвори натпреварот, но гостите брзо се вратија, а по првата ¼-на резултатот беше 18:17.

Очекувано имаше малку поени во овој натпревар, а на полувреме Фенербахче имаше предност од 37:30.

Во третата ¼-на Фенербахче имаше двоцифрена предност, а во последните 10 минути ги уништи Грците.

Диксон постигна 13 поени во победата на Фенербахче.