Фергусон и тренерите за укинување на продолженијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прославениот шкотски менаџер сер Алекс Фергусон и тренерите собрани во УЕФА во техничката комисија предложија укинување на продолженијата во европските елиминациони мечеви кои после 90 минути ќе завршат без победник.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сега во пензија, побара за тоа решение поради “заштита“ на фудбалската игра и предложи алтернативи.

„Мислам дека никој не сака да гледа исцрпени играчи во продолженијата. Кој било судија да свирни крај на регуларниот тек од мечот секогаш сум имал претчувство дека треба да се премине на изведување на пенали“, рече Фергусон, инаку ангажиран и како УЕФА амбасадор за тренери.

Славниот Шкот е како илустративен пример го спомена и овогодинешното финале на ЛШ меѓу Реал и Атлетико, кој после 1:1 во регуларниот тек, е решено на пенали во корист на Кралскиоит клуб (5:3).

„Сите можевме да видиме во последното финале на ЛШ во кое играчите шетаа по теренот во продолженијата. Беше очигледно дека ќе се шутира пенали, затоа е важно да го поставиме прашањето како може да се избегне таква ситуација“, рече Фергусон.