Фергусон после многу години се извини на Бербатов и Парк


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон има неколку работи за кои жали уште од времето додека го водеше Манчестер Јунајтед.

Фергусон Црвените ѓаволи ги водеше до финалето на Лигата на шампионите четири пати, а два пати се искачи на врвот на Европа и тоа во 1999 и 2008 година.

Токму во 2008 година од тимот од финалето го изостави Јужнокореецот Парк Ји Сунг, а денеска порачува дека за тоа сеуште жали.

„Тогаш имав навистина фантастична екипа со одлични квалитети. Мој проблем во финалето во 2008 година поради што жалам и денес е тоа што Ји – Сунг Парк го изоставив од комплетниот состав. Тој играше одлично кога и да добиеше шанса, но тоа е проблем во тие финалина. На Вембли (против Барселона две години подоцна), го направив тоа со Бербатов и тој тоа тешко го поднесе.

Не го заслужи тоа. Ниеден играч не заслужува да се изостави од финале. Затоа сега на европските семинари се тренерите се трудиме да избориме 11 замени во финалината“, рече Фергусон.

Да потсетиме дека Манчестер Јунајтед во 2008 година во финале на ЛШ го порази Челси после пенали, додека три години подоцна на Вембгли изгуби од Барселона со 3:1. Во меѓувреме играа финале во 2009 година кога на Олимпико  во Рим загубија исто така од Барса со 2:0.