„Фетел во Мерцедес? Тој не сака да биде во тим со Хамилтон!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Генералниот директор на Ф1, Берни Еклстон не ја исклучува можноста возачот на Мекларен Алонсо во болидот на Мерцедес да го замени Нико Розберг.

Актуелниот шампион во Ф1 одлучи да се повлече по освојување на титулата, а фановите шпекулираат кој би можел да биде следен колега на Луис Хамилтон.

„Сосема е можно Алонсо да го замени Розберг.“

„Во Мекларен бараат нови луѓе и можеби тие сакаат да го имаат Алонсо во тимот.“

„Исто така, мислам дека е невозможно Фетел да дојде во Мерцедес. Тој не сака да биде во ист тим со Хамилтон.“