Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот пилот од Ферари, Себастијан Фетел ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Азербејџан. Друштво од првиот ред ќе му прави неговиот најголем конкурент, Луис Хамилтон.
Возачот на Ферари беше за 361 илјадитти дел од секундата побрз од Хамилтон и со тоа заслужено ќе стартува од првата позиција во Баку.
Од вториот ред ќе тргнат Ботас и Рикиардо, додека од петтата и шестата позиција трката ќе ја започнат Макс Ферстапен и Кими Раиконен.
Првите десет ги заокружуваат Естебан Очон, Серхио Перез, Карлос Сајнц Јуниор и Ленс Строл. Трката на програмата е утре со почеток од 14:10 часот.