Фетел немаше конкуренција во Бахреин


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи во трката од Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Фетел на Блискиот исток стигна до 49. победа во кариерата, а втора по ред во шампионатот, откако претходно триумфираше во Австралија.

Второто место го освои Валтери Ботас од Мерцедес, а трет беше неговиот клупски колега, Луис Хамилтон.