Фетел победник на Алберт Парк, Алонсо со најдобар пласман по враќањето во Мекларен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот Себастијан Фетел со победа ја отвори новата сезона во шампионатот на Формула 1.

До 48. победа во кариерата возачот на Ферари стигна по голема борба со актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Фетел трката ја стартуваше од втората позиција, а водството го презеде кога тимовите ги менуваа гумите и кога излезе безбедносното возило на патеката.

Хаос на трката направи тимот на Хас чии два болида се откажаа во рок од само три минути поради проблеми со замената на пневматиците. Тоа предизвика и појавување на патеката на безбедносното возило.

„Искрено имавме малку среќа со времето кога излезе безбедносното возило, и очигледно тоа беше клучот за нашата победа. Но, ние имавме слични вакви трки и минатата година но не се качивме на највисокото место на подиумот. Овој пат тоа ни успеа“- коментираше Фетел по трката.

Трет на трката заврши вториот возач на Ферари, Кими Раиконен додека на четвртата позиција се пласираше Данил Рикиардо од Ред Бул. Фернандо Алонсо со петтото место го оствари својот најдобар резултат од враќањето во Мекларен, а бодови освоија и Ферстапен, Хулкенберг, Ботас, Вандорн и Карлос Сајнц Јуниор.