Фирмино има откупна клаузула но еден клуб не може да ја активира!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Офанзивецот на Ливерпул за прецизно дефинирана сума на пари може да го напушти Енфилд во било кој момент, но еден клуб има вето на негов трансфер.

Стигна Бразилецот во Англија во јуни 2015 година на предлог на тогашниот стратег на Редсите Брендан Роџерс.

Добро се испразнија во Ливерпул за неговите услуги, платен е 29 милиони фунти, а во почетокот не покажуваше ни дел од својот арсенал.

Се сметаше за уште една скапа грешка на управата на клубот од Енфилд, но тој тоа го демантираше со игрите под Јирген Клоп.

Се зацврсти во првиот состав, стана закана за секој ривал, често игра и како најистурен, и се е појасно дека тогашната управа направила добра работа, само што Роџерс и неговиот стручен штаб поранешниот играч на Хофенхајм не го искористија на вистински начин.

Клоп тоа го потврди, Фирмино стана еден од најдобрите играчи на Ливерпул.

Сега прочури и информација за некои детали од неговиот договор со клубот.

Имено, во неговиот договор се наоѓа и откупна клаузула, па така ако некој клуб го сака одличниот Бразилец во своите редови, ќе мора да плати 82.6 милиони британски фунти.

Значи, сумата е многу голема, но за еден клуб е укинато правото и за таа сума да се пресели во своите редови.

Како што пренесува британски „Сан“ , фудбалскиот клуб Арсенал е единствен клуб на свето, за кој споменатата откупна клаузула не се смета.

Дали во клубот биле свесни дека и Венгер ќе биде заинтересиран за услугите на Фирмино, или  едностано немаат добри односи со клубот од Емирати не е разјаснето, но едно е сигурно, Фирмино нема да го носи дресот на Арсенал, барем не во блиска иднина.