Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од врвот на куќата на светскиот фудбал се сомневаат во бројни нерегуларности во трансферот на Роберто Фирмино од Хофенхајм во Ливерпул.
Спорно е тоа што сумата која германскиот клуб требаше да ја заработи од продажбата на Бразилецот беше околу 29 милиони фунти, но на Хофенхахм припаднаа само 5.8 милиони фунти.
Според информациите до кои дојде ФИФА, остатокот на парите припадна на агенција која е во сопствеништво на сопствениците на Хофенхајм милијардерот Дитмар Хоп.
Вреди да се истакне дека Ливерпул е ослободен од било каква одговорност бидејќи тие работеле чисто.