ФИФА нема да им прости на Џака и Шаќири за нивната прослава против Србија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА официјално почна дисциплинска постапка против швајцарските фудбалери Гранит Џака и Џердан Шаќири поради нивната прослава против Србија.

Србија прва стигна до водство и сите помислија дека ќе триумфираат, но Швајцарија направи неверојатен пресврт и ги освои трите бода.

Новинар на швајцарскиот портал „Блик“, Андреас Бени напиша на својот официјален Твитер профил дека е почнат процесот.

„Официјално: ФИФА почна дисциплински процес против Џака и Шаќири поради прославата на головите“, напиша Бени.

Доколку ФИФА пресуди дека се виновни, тогаш споменатите фудбалери ќе бидат казнети со два меча суспензија.