ФК Работнички дел од 120. роденден на Јувентус

ФК Работнички беше единствениот македонски клуб кој доби покана да биде гостин на јубилејниот, 120 роденден на италијанскиот гигант Јувентус.

Генералниот секретар на „Романтичарите“ Ненад Монев го следеше натпреварот Јувентус- Бенвенто, а потоа беше дел и од роденденската прослава на клубот. За таа цел од Работнички испратија скромен подарок за Јувентус, шише вино од винарската визба „Тиквеш“ кое беше специјално полнето и брендирано.

„Беше чест да се биде дел од роденденското дружење таа вечер во Торино, со претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и со колегата Генерален секретар на Јувентус, Маурицио Ломбардо“, истакна генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев.