Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Управата на Формула 1 потврди дека во 2020. година ќе се вози трката за Големата награда на Виетнам.
Да потсетиме, од 2020. година во календарот на Формула 1 ќе има и трка за Големата награда на Мајами, која ќе се вози низ улиците на американскиот град.
Сепак, најновата трка која беше додадена во календарот е таа во Ханој, а ќе биде долга 5.565 метри, ќе има 22 свиоци и три прави делови од кои еден ќе биде долг 1.500 метри.
„Возбудени сме што Ханој ќе биде додаден во календарот на Формула 1. Ова е одлично место за трка“, кажа извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери.
Ова ќе биде уште една во низата улични трки, но ќе биде многу различна од останатите, зашто ќе има повеќе простор за преминување.
F1 is excited to announce we will be racing in Vietnam in 2020!#VietnamGP ?? pic.twitter.com/xeQmJSmEof
— Formula 1 (@F1) November 7, 2018