Франк Лампард го советува Конте да го ангажира фудбалерот на Евертон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Легендата на Челзи, Френк Лампард му го препорача на Антонио Конте фудбалерот на Евертон, Рос Баркли.

23- годишниот фудбалер би бил идеален за тимот на Челзи, а откако тој не потпиша нов договор со клубот од Ливерпул, се погласни се шпекулациите дека тој ќе си замине.

Лондонското трио, Арсенал, Челзи и Тотенхем се споменуваат како опции за играчот, но каде тој ќе заврши останува да видиме.

„Погледнете ги неговите игри, тој има само 23-години, можете да замислите за неколку години во каков играч ќе прерасне тој“ – Изјави Лампард за Рос Баркли.