Французите потврдија: Челси ангажира страшно засилување од Лион!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси е пред ангажман на одличниот фудбалер на Лион, Набил Фекир, кој на почетокот на преодниот рок беше блиску до Ливерпул, но неговиот трансфер пропадна.

Фекир би требало да стане нов член на Челси, а последната рунда на преговори помеѓу двете екипи била завршена вчера кога француската екипа гостуваше на „Стемфорд бриџ“.

Дека може да се случи нешто и дека Фекир би можел да се пресели во Лондон потврди и тренерот на Лион, Бруно Генезио.

„Рано е да се зборува сега. Сакаше да замине на крајот на минатата сезона, но кога пристигна на првиот тренинг беше многу среќен. Можеби ќе добие шанса за голем трансфер до крајот на преодниот рок“, кажа Генезио.

Да потсетиме, преодниот рок во Англија завршува утре во 17 часот.