Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последниот фудбалер кој ја освои „Златната топка“, а неговото име да не беше Кристијано Роналдо или лео Меси, е Како кој го стори тоа во 2007 година.
Од тогаш до денес, оваа наградата ја освојуваа само 2 фудбалери. Светската јавноста сеуште чека нивната доминација да биде прекината, а во продолжение ќе прочитате 10 фудбалери кои се во состојба да го направат тоа.
Пол Погба
Најскапо платениот фудбалер на сите времиња е еден од најголемите кандидати во иднина да ја освои „Златната топка“. Французинот оваа, како и минатата година беше во конкуренција, но тој беше далеку од освојување на наградата.
Пјер-Емерик Обемјанг
Тој има се што е потребно за да ја освои наградата, а единствено му недостигаат трофеи со Борусија Дортмунд. Доколку во иднина успее да направи нешто со тимот, наградата сигурно не би била далеку од него.
Роберт Левандовски
Полскиот напаѓач оваа година заврши на 16-то место во изборот за наградата и на крајот на Твитер се пошегува со начинот на доделување на оваа награда.
Левандовски има 28 години и уште долго ќе игра на врвно ниво, па останува да видиме дали можеби еден ден и тој ќе ја освои наградата.
Кевин Де Брујн
Тој има 25 години и ги има сите потребни работи за да биде еден од најдобрите светски фудбалери. Ако со Сити, или некој друг клуб, успее да освои некоја голема титула и биде најважен играч во тој успех, тогаш наградата не би била далеку од него.
Тони Крос
Германскиот репрезентативец важи за еден од најинтелигентните фудбалери, а на 26 години има освоено се што може да се освои. А можеби наскоро ќе ја видиме и „Златната топка“ во неговите раце.
Луис Суарез
Уште еден многу сериозен кандидат за освојување на наградата, со тоа што годините(29) не му одат во прилог. Суарез е мајстор и постигнувањето на голови не му е никаков проблем и сигурно до крајот на кариерата ќе се обиде да ја освои оваа награда и така да ја заврши својата фудбалска бајка.
Еден Азар
Одличниот Белгиец оваа сезона се врати во одлична форма и го води Челси кон нова титула во ПЛ. Азар има 25 години и важи за еден од најдобрите играчи во светот, па секако тој ќе биде потенцијален добитник на наградата во наредните години.
Герет Бејл
Во изборот за наградата во 2016-та година Бејл заврши на 6-та позиција, а нема дилема дека во годините кои ни доаѓаат него ќе го гледаме помеѓу најголемите кандидати за оваа награда.
Тој има квалитет за таа награда, игра во клуб кој секогаш има големи цели, а останува да видиме дали тоа ќе му биде доволно да дојде до оваа награда.
Антоан Гризман
Напаѓачот на Атлетико Мадрид оваа година беше во потесната конкуренција и заврши на 3-то место, а доколку вака продолжи, тој би можел да биде добитник наскоро на оваа награда.
Французинот има 25 години и пред него има уште многу години фудбал на највисоко светско ниво.
Нејмар
Рака на срце, Нејмар е најсериозниот кандидат за да ја прекине доминацијата на Роналдо и Меси. Многу експерти го гледаат Нејмар со наградата во свои раце, а со оглед на тоа дека има само 24 години, би било изненадување ако тоа не се случи во годините кои доаѓаат.