Фудбалерот на Брајтон потврди дека чул за интересот од Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Брајтон, Паскал Грос истакна дека бил поласкан од шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Ливерпул.

Се појавија вести дека Ливерпул го посакувал Германецот во јануарскиот преоден рок, но до таков трансфер не дојде.

Сега во јавноста во Англија повторно излегуваат слични информации, па се шпекулира дека Ливерпул ќе одвои 15 милиони фунти за 27 годишниот фудбалер кој има постигнато девет погодоци и има запишано 11 асистенции во дресот на Брајтон.

„Секако дека голема е честа кога има такви шпекулации кои говорат дека Ливерпул е заинтересиран за вас. Сепак, јас немам чуено ништо конкретно засега од мојот агент“- коментираше Грос.