Фудбалерот на Вест Хем потврди: Арнаутовиќ сака да си замине


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Микаил Антонио во денешното издание на „Гоалс он Сандеј“ потврди дека Марко Арнаутовиќ сака да си замине од клубот.

Тоа го потврди и неговиот брат кој пред два дена излезе со официјално соопштение во кое посочи дека Арнаутовиќ сака да направи трансфер во Кина.

„Сите знаат дека Марко сака да си замине. Тој е многу важен за клубот, тој е наш најдобар стрелец и е важен играч за нас. Имаме играч кој има искуство и кој постигнува голови, проблемот лежи што не можеме во овој момент да му најдеме замена“ –заклучи Антонио.