Фудбалер најави заминување од Ливерпул: Ладно ми е во Англија, едвај чекам да заминам дома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левиот бек на Ливерпул, Алберто Морено веќе неколку сезони не е во првиот тим на „Енфилд“, па поради тоа сака да си замине од екипата.

Сезонава запиша само два настапи во Премиерлигата, а договорот му завршува во јуни и сосема е јасно дека сака да се раздели со Јирген Клоп.

„Вистина е дека не се чувствувам добро. Си штетам сам на себе, така што вложувам во тимот и мислам дека заслужив шанса кога се вратив од повредата. Ситуацијата во клубот е нормална за поголем дел од фудбалерите, но едноставно не го сакам начинот на кој Клоп ме третира. Враќање во Шпанија е тоа што го сакам“, вели Морено.