Фудбалер на Челси заминува во Вотфорд?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Напаѓачот на Вотфорд, Одион Игало го повика играчот за врска на Челси, Џон Оби Микел да му се приклучи на Вотфорд.

Микел има договор со екипата од Лондон до крајот на оваа сезона, а Игало би сакал тој да му се приклучи во тимот.

„Би сакал да му се приклучи Микел во Вотфорд. Тој е наш капитен во националниот тим. Освен тоа, тој е многу добар и талентиран фудбалер. Не постои тим во ПЛ кој не би сакал толку добар играч.“

Да потсетиме дека Микел оваа сезона не одигра ниту еден натпревар за Челси, па негово напуштање на тимот е многу реална опција.