Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Калум Хадсон-Одол е фудбалер за кој е заинтересиран Баерн Минхен и тука нема дилема. Потврдено е тоа и од страна на Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на клубот од Минхен.
Во Челзи ова момче не добива многу шанси да игра па негова цел е да премине во Баерн каде му ветуваат поголема минутажа.
Мораме да напоменеме дека ова момче има само 18 години и дека има уште многу да учи па неговото незадоволство во Челзи до некаде е и неоправдано.
Челзи досега ги одбиваше нападите на Баерн, но следеше ултиматум.
Хадсон Одол сака да си оди од клубот, на управата и соопшти дека не сака да го продолжи договорот дококу понудата не се прифати.
Последната понуда е 35 милиони фунти, Баерн сигурно нема да оди повеќе преку таа сума, а ваквиот став на младиот англичанец ги става во одлична преговарачка позиција.