Фудбалот пишува бајки, Чапекоенсе со гол во 95. минута избори Лига на шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот клуб Чапекоенсе кој пред точно една година остана без речиси целиот тим по страшната авионска несреќа во Меделин, Колумбија, синоќа успеа да избори настап во јужноамериканската Лига на шампиони.

Во несреќата загинаа 19 фудбалери на клубот, а само шест ја преживеаја трагедијата меѓу кои тројца фудбалери. Сега една година подоцна Чапекоенсе успеа да се пласира во најелитното натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес.

Во последното коло од бразилското првенство Чапе со 2:1 славеше против Кортиба и со таа победа стигна до големата цел. Де Мело во 95. минута погоди за голема радост на Чапекоенсе, а претходно Еликарлос во 35. минута го постигна првиот гол за клубот.

Чапе заврши на осмата позиција со 54 бода, два помалку од Васко Де Гама кој е на седмата позиција.