Фудбалскиот великан со емотивно писмо се заблагодари на сите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако го одигра својот последен меч во кариерата, Андреа Пирло одлучи да се заблагодари на сите кои му помогнале на тоа неговата кариера да се развие до размери во кои се развила во кратко емотивно писмо.

„ Моето време во Њујорк истече и мислам дека е време да кажам неколку збора.

Сакам да им се заблагодарам на сите на големата поддршка што ја добивав и добивам во овој прекрасен град.

Сакам да се заблагодарам и на мојата фамилија и моите деца за целата љубов која ми ја дадоа.

Благодарност и до сите тимови за кои имав чест да играм, сите играчи со кои уживав и сите навивачи во светот кои ме сакаат и почитуваат.

Секогаш ќе бидеме на иста страна. Засекогаш сте во моето срце.“ – напиша Пирло.