„Фудбал Ликс“ повторно открива детали: Овојпат Левандовски и тоа што се крие зад неговата кариера во Баерн…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатото лето кружеа гласини дека Роберт Левандовски го променил менаџерот и го ангажирал Пинјо Захави само од една причина – трансфер во Реал Мадрид.

Полјакот стана презаситен во Баерн и подготвен е да ја промени средината во надеж дека че ја освои Лигата на шампионите, па Реал го гледа како логично решение.

Перез го сакаше уште пред заминувањето на Роналдо, но потоа вниманието го пренасочи на некои други мети.

Сепак, Шпигел открива дека моќниот израелски менаџер се обидел да го одведе во Мадрид, но сега би можел да ја промени дестинацијата и да му обезбеди потпис со ПСЖ.

Захави е во фантастични односи со Парижаните, беше еден од најзаслужните за пристигнувањето на Нејмар за што на контото заработи повеќемилионска провизија, а сега истото би го направил и со Левандовски.

Баерн засега не попушта, но ако Французите дојдат во Минхен со доволно пари…