Фјури ја одложи борбата со Вајлдер: Ку*кин син, знаеше за ова!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тајсон Фјури реши да го одложи реваншот за ВБЦ-титулата против Деонтај Вајлдер. Тоа значи дека нема да има ништо од очекуваниот реванш за титулата.

Двајцата борци се пресметаа минатата година на први декември во Лос Анџелес и по спектакуларната борба резултатот беше нерешен, а ВБЦ побара реванш.

Сепак, Фјури неодамна потпиша договор од 80 милиони фунти со „ЕСПН“, а тоа вендаш значеше дека реваншот со Вајлер е загрозен бидејќи тој има договор со „Шоутајм“.

„Вајлдер против Фјури не е борба која ќе се случи наредна. ВБЦ-федерацијата доби известување дека Фјури ќе биде во друга борба, а иако Вајлдер има желба за реванш, борбата меѓу нив ќе биде поместена за друг датум“, кажа првиот човек на ВБЦ, Маурицио Сулаиман.

ВБЦ-шампионот најверојатно во рингот ќе се бори со Доминико, а таа одлука не му се допадна на Фјури, кој одговори жестоко на Твитер.

„Ку*кин син. Знаеме дека го кажа ова, зашто не сакаш да се бориш со мене. Си барал прво борба за загревање. Не те обвинувам, зашто и јас би направил исто доколку мозокот ми е расфрлан низ целиот ринг“, порача Вајлдер.