Хал не чекаше долго: Стигна нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот тим Хал го ангажираше Марко Силва за нов тренер.

„Марко е млад тренер кој не импресионираше со својата филозофија и стил на фудбал. Чувствуваме дека е борбен и возбуден во нашата цел да останеме во ПЛ.“

Силва, кој на клупата го замени Мајк Фелам, ќе дебитира во сабота против Свонси.

Негова цел ќе биде да го одржи тимов во ПЛ. Хал е последен тим на табелата по 20 кол во ПЛ со 13 бодови, 3 помалку од Кристал Палас, кој е во безбедната зона.

Марко Силва тренерската кариера ја започна во Есторил, а го водеше и Спортинг, како и Олимпијакос.