Хамес Родригез со коментар за својата иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез кој по крајот на сезоната ќе треба да се врати во Реал Мадрид затоа што му завршува двегодишната позајмица во Баерн Минхен.

Се уште не е познато дали Баварците ќе го откупат неговиот договор за 37 милиони евра или пак ќе го вратат назад во Мадрид.

Едно е сигурно, што и да се случи Хамес нема да биде незадоволен. За него има интерес од многу други европски гиганти, па со сигурност ќе има каде да игра следната сезона.

„Мора да размислам што ќе правам со мојата иднина. Во Мадрид имам се, имам и куќа, а луѓето таму ме сакаат. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе се случи, но во овој момент јас сум под договор со Баерн Минехн“ –заклучи Хамес Родригез.