Хамес сака да замине од Реал до вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По сосема извесното доаѓање на Дани Себаљос, Хамес Родригез е се поблиску до излезните врати на Реал Мадрид.

Колумбискиот интернационалец сака да го финализира заминувањето од „Бернабе“ пред тимот да отпатува на претсезонската турнеа за САД во вторник.

Манчестер Јунајтед е главен фаворит за неговиот потпис, а по заминувањето на Руни во Евертон ќе се ослободи и бројот 10 кој Хамес поради договорот со „Адидас“ мора да го носи во клубот во кој настапува.

Покрај Манчестер Јунајтед интерес за офанзивниот играч има и од редовите на ПСЖ и Челси.