Хамилтон: Алонсо е еден од најдобрите возачи со кои сум се натпреварувал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачите во Формула 1 почнаа да се простуваат од Фернандо Алонсон, кој пред неколку дена објави дека ќе се повлече на крајот на сезоната.

Еден од возачите кои уште долго ќе го паметат Алонсо е возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

„Штета што не е испратен како што му доликува. Но, во спортов не треба само да сте добар возач, туку треба да се прилагодите и на ситуациите во кои ќе се најдете. Алонсо е еден од најдобрите возачи со кои сум се натпреварувал“, кажа Хамилтон.

Инаку, Хамилтон и Алонсо возеа заедно во Мекларен во 2007. година, а тоаш сезоната ја завршија со ист број на бодови.