Хамилтон од пол позиција ќе стартува на првата трка во Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја стартува трката за Големата награда на Австралија од првата позиција.

Британецот имаше одлични квалификации и за 0.664 делови од секундата зад себе го остави Кими Раиконен. Трет трката во Австралија ќе ја стартува вториот пилот на Ферари, Себастијан Фетел.

Тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас  имаше силен удар во заштитниот ѕид по што квалификациите беа прекинати за момент. За среќа Финецот не помина со потешки последици и се очекува утре да биде на стартот на трката.

Од четвртата и петтата позиција ќе тргнат пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен односно Даниел Рикиардо.

Првите десетмина на стартот ќе ги комплетираат Кевин Магнусен, Роман Грожан, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц и Валтери Ботас.

Трката на програмата е утре со почеток во 7:10 часот по средноевропско време.