Хамилтон ја освои пол-позицијата во Сингапур


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, стигна до пол-позиција откако имаше најдобро време во квалификациите пред трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур.

Утрешната трка од првиот ред ќе ја почне и Макс Ферстапен од Ред Бул, кој стигна до второто место во квалификациите.

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, имаше трето време, а неговиот тимски колега стигна до петтото место, додека четврти ќе стартува Валтери Ботас од Мерцедес.

Трката за Големата награда на Сингапур се вози утре од 14.10 часот.