Хаос во Мадрид: Лопетеги сака да им го „загорчи“ животот на „кралевите“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид по заминувањето на Зинедин Зидан се мачи со лошите резултати и со пронаоѓање на тренер, кој би можел конечно да го врати тимот во добра форма.

„Кралевите“ најпрво го вработија Хулен Лопетеги, кој ја почна сезоната, но не  издржа многу, а очигледно и неговата замена Сантијаго Солари нема да остане долго.

Наводно, Солари набрзо ќе го напушти тренерското место на „кралевите“ и таму ќе пристигне Жозе Мурињо, но Реал сега има проблем со Лопетеги.

Лопетеги на клупата на Реал издржа четири месеци пред да му биде даден отказ. Сега шпанските медиуми пишуваат дека тој води судски процес против „кралевите“, односно бара да му бидат исплатени сите парични средства, поточно 28 милиони евра.

Останува да се види дали „кралевите“ ќе се извлечат или Лопетеги ќе зададе нов финансиски проблем на „кралевите“.