Хаос на дербито во Бугарија – тешко е повредена полицијка!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Повеќе од 20 навивачи на Левски од Софија се приведени во средата, откако на мечот против ЦСКА предизвикаа експлозија во која е потешко повредена една припадничка на бугарската полиција.

ЦСКА и Левски одиграа 2-2 во 30. коло, но резултатот останува во сенка на немилите сцени од Бугарија.

„Таа е уште во тешка состојба. Оперирана е, но и понатаму има стакло на нејзиното лице и очи. Такво однесување е недозволиво. Тоа не беше огномет или петарда, тоа беше бомба“, кажаа од полицијата.