Хаос на дербито во Турција: Играч на Фенербахче му удри шамар на противникот, па бегаше од разлутените играчи на Галатасарај (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва во Турција беше видена една од најголемите дерби пресметки во Европа меѓу Галатасарај и Фенербахче.

Натпреварот заврши без победник, 2:2, а домашниот тим на Галата испушти предност од два погодоци.

Во голот за израмнување учествуваше и нашиот Елиф Елмас, а стрелец на истиот беше Жаилисон кој потоа беше во центарот на вниманието затоа што предизвика невиден хаос.

По крајот на средбата му удри шамар на противничкиот играч, а потоа цел тим на Галатасарај го бркаше за да се пресмета со него.