„Харт е најдобар голман на Англија“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот голман на Англија, Давид Симен верува дека Харт и понатаму е најдобар голман кој го има Англија.

Легендата на Арсенал тврди дека било која потенцијална замена за Харт не е толку блиску добра како него.

Харт пред почетокот на сезоната стана вишок во Сити, затоа што Гвардиола не сметаше на него, па го испрати на позајмица во Торино.

„Знам дека Џо е добар голман. Секогаш го почитував, не само поради тоа што го прави на теренот, туку и заради неговите реакции на грешките и пречките. Немаше најдобро ЕП, но реагираше добро по него.“

Харт е повикан за натпреварите против Германија и Литванија, а Симен верува дека Харт ќе биде на теренот.