Хендикеп за Макаби – Заврши сезоната за нивниот бек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекот на Макаби, Ентони Гаудлок го оперираше зглобот на ногата и ќе биде надвор од теренот 5-6 недели, а тоа значи дека сезоната во Евролигата за него е завршена.

Гаудлок кој оваа сезона пропушти 2 натпревару, е трет стрелец во Евролигата со 17.3 поени по натпревар.

Во текот на кариерата, тој играше за Лејкерс, потоа во НБДЛ, потоа за Уникс и Фенербахче, а помина сезона во Кина и кратко го носеше дресот на Хјустон.

Макаби е 14-ти на табелата со 8 победи и 16 порази.