Хендикеп за Наполи – Остануваат 1 месец без бразилецот


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Играчот за врска на Наполи, Алан поради повреда нема да може да игра еден месец.

Наполи во 25-то коло од Серија А го победи Киево, но во првото полувреме останаа без Алан кој мораше да излезе поради повреда.

Лекарските прегледи потврдија дека станува збор за повреда, па сега му следува терапија.

Бразилецот ќе пропушти 2 натпревари против Јувентус и Реал Мадрид.

Тој има одиграно 30 натпревари оваа сезона за Наполи во сите натпреварувања, а има и 3 асистенции.