Хенес најави големи проблеми: Зимава не менуваме ништо, но затоа во лето следи – ремонт!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, најави големи проблеми во тимот во 2019. година, но не во текот на јануари, туку во лето.

Баварците играат очајно сезонава, па во Бундеслигата се на петто место со 20 освоени бодови.

„Сигурно нема да менуваме ништо во јануари. Доволно ни е пред Божиќ да се врати Кингсли Коман, а набрзо ќе се врати и Тијаго Алкантара. Од зимава не очекуваме ништо, но Баерн наредното лето ќе следи целосен ремонт“, кажа Хенес.

Тоа значи дека Хасан Салихамиџиќ ќе има многу работа во ангажирање на нови засилувања и тоа ќе бидат сигурно големи имиња.

Не е познато само дали тренерот Нико Ковач ќе добие уште една шанса во Баерн Минхен или ќе биде заменет.